Мајките го посадуваат семето на љубовта...

 

Замислете ја огромната сила и енергија кое едно човечко суштество кое може да ги подари на светот. Сите ние меѓусебно си влијаеме, без оглед на тоа дали сме свесни за тоа или не.

Одговорноста на мајката, кога е во прашање влијанието врз своите деца, не смее ни не може да се потцени. Има многу вистина во изреката дека зад секој успешен човек стои силна жена.

Секогаш кога ќе видите среќни и мирни личности; секогаш кога ќе видите деца со прекрасни квалитети и добро расположение; секогаш кога ќе видите луѓе кои имаат голема сила да соочат со неуспех и неповолни ситуации; секогаш кога ќе видите луѓе кои поседуваат голема количина на разбирање, љубов и сочувство кон страдањата на другите, треба да знаете дека најчесто се работи за луѓе кои во текот на животот биле инспирирани и мотивирани од силна мајка и поради тоа се такви какви што се.

Мајките се оние кои го посадуваат семето на љубовта и трпението во умот на луѓето.

Постои посебна врска помеѓу мајката и детето. Внатрешните квалитети на мајката се пренесуваат на детето дури и преку мајчиното млеко. Мајката го разбира срцето на детето, таа целата своја љубов му ја дава на детето, го подучува на позитивни животни лекции и ги поправа детските грешки.

Ако неколку пати поминете низ поле со мека и зелена трева, лесно ќе направите пат низ него. Добрите мисли и позитивните вредности кои ги негуваме во нашите деца засекогаш остануваат со нив.

Жената која го разбудила своето вродено мајчинство го носи небото на земјата, каде и да била. Само жените можат да создадат мирен и среќен свет. И така, онаа која ја нишка колевката на детето е токму онаа која ја  држи светилката и го осветлува светот.