Мајки, се ближи први септември, како ќе го одбележите тргнувањето на вашето дете во прво одделение?

Од се нешто денеска правиме да биде посебна прилика, а уште посебно да биде одбележано. Прв заб, прв чекор, прв збор, поаѓање во градинка, мина матура, поаѓање во прво одделение. Мајките се постојано во дилема како се да организираат, да бидат поразлични од другите...

Се ближи први септември, првиот училишен ден. Децата имаат уште некој ден за да уживаат во распустот и слободните денови, а мајките уште сега се окупирани со тоа, како да се одбележи овој “посебен ден”.

По социјалните мрежи и по форумите веќе почнаа да бараат совети и мислења, од “поискусните ” мајки, односно децата кои сега ќе тргнат во погорните одделенија. Еуфоријата е поголема кај мајките, отколку кај децата.

-Како го одбележувате овој ден? Дали правите некои посебни прослави, како некој собир на поблиските со ручек на пример или само благо, кафе, сок?  Јас не правев ништо особено, после училиште ги однесов кај мајка ми оти јас требаше да одам на работа и за таму купив благо и сок, а одручекта и за домашните исто купивме благо и сок, а сопругпт купи пиво за него и за девер ми, е само еден од постовите.

- Ние купивме торта ,дојдоа најблиските на торта, кафе и сок и тоа ништо посебно а сум била на такво тргнување во училиште што наликува на нешто меѓу роденден и свадба и не ми се допадна ич и уште тогаш реков ние вака не,мислам да прославуваш тргнување во училиште во кафана со жива музика и 100 луѓе гости кои играат оро е жива глупост .  Според мене нешто благо е доволно за да се прослави ,се друго е претерување. 

-Јас не знам што да правам. Сакам да биде нешто посебно, уникатно. Јас сум многу креативна за тие работи, но сега сум во паника. Имам уште време, но со сигурснот ќе смислам нешто посебно и убаво. Сакам да се одбележи. Навечер сигурно ќе се собереме со најблиските, дали во кафеана или дома не е важно, важно е дека ќе прославиме.

Тргнувањето во училиштето е значаен момент, како за децата, така и за родителите. Но, за разлика од денеска, во минатото и не се давало некое големо значење на овој ден. Се знаело дека секое дете задолжително мора да оди во училиште, не се сметало за некој постигнат успех.

-И моите деца и моите внуци кога тргнуваа во училиште, после нив им фрлав чаша со вода, за училиштето да им оди лесно. Никогаш не сме правеле огранизации и прослави, вели Рада од Скопје.