„Мајки може ли да се даде кравјо млеко на 2 ипол месечно бебе“? Наместо лекар ќе прашам на Фејсбук

Дали смеам да се тетовирам додека дојам?Моето дете не сака да цица што да направам?Бебето непрекинато ика дали да му дадам лимун? Мајки може ли да се даде кравјо млеко на 2 ипол месечно бебе?

Се дел од прашањата кои честопати мајките наместо на педијатрите барајќи спас прашуваат по Фејсбук групите наменети за здравје и грижа на деца и бебеиња.

Младите мајки на кои животот им се сведува на грижа за бебето и менување пелени, социјалните мрежи и не се толку лоши и претставуваат прозор кон светот, начин да бидат во контакт со другите луѓе. Но лошо е што од секојдневна кратка занимација, социјалните мрежи многу лесно можат да станат опсесија што никако не може да биде добро.

Ако повеќе пати ви се случило детето нешто да ви зборува додека вие гледате во телефонот или не го слушате бебето дека плаче затоа што сте се задлабочиле во некоја преписка, можеби веќе сте ја поминале границата и време е нешто да преземете.

Како и кај другите проблеми, првиот чекор кон „излекувањето“ е признанието кое ќе си го дадете себеси дека проблемот навистина постои.

Запрашајте се, што би се сменило толку драстично во вашиот живот ако ја избришете Фејсбук апликацијата од вашиот телефон или пак ако го избришете профилот? Дали вашиот живот би изгубил на квалитет? Дали би биле тажни, дали би ви било здодевно и не би знаеле што да правите со рацете?