Мајката на Коста откри што се случувало пред масакрот во училиштето

Мајката на Коста Кецмановиќ, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, беше на сослушување во полицијата.

Пет дена пред масовното убиство, момчето со пријател и мајка му биле надвор од градот на 1 мај, а потоа се вратиле во Белград.

Мајката открива дека не забележала промени во неговото однесување по враќањето во Белград, а следниот ден момчето и сестра му биле на гости кај нивните баба и дедо.

На денот на масовното убиство, 3 мај, мајката им направила појадок на децата и ги разбудила, а ниту тогаш не забележала чудно однесување кај момчето, освен тоа што бил бавен додека доручкувал.

Еден час подоцна се случи масакрот во „Владислав Рибникар“, а мајката на Коста помислила дека нејзиниот син е повреден, по што заминала во училиштето и дознала дека тој е убиецот.