Мајка: Во нејзината прегратка исчезнуваат сите проблеми

На нашата мајка можеме да и се јавиме во било кој дел од денот или ноќта и таа трпеливо ќе нѐ ислуша и ќе се обиде да ни помогне. Со неа не треба да внимаваме како ќе бидеме сфатени, пречувствителни или пак премногу плачливи. Таа е секогаш тука за нас.

Мајките заземаат посебно место во нашите срца. Без оглед на тоа колку години имаме, за нив сме секогаш деца, а тие за нас најголемата поддршка во животот.

Taa нѐ потсетува дека ниту една личност не е вредна за нашите солзи

Со широка прегратка и топли зборови ќе ни покажат дека ниту една личност не вреди да лееме солзи за неа. Таа ќе рече дека секој кој ќе направи да плачеме, не нѐ заслужува во својот живот. Таа наоѓа поддршка и љубов за сите наши разочарувања и болки.

Тука е секогаш кога ни е потребна помош

Без оглед на тоа дали станува збор за топла шолја чај или супа додека сме болни, разговор со кафе или соговорник за сите теми што нѐ мачат или настани за кои мораме брзо и успешно да се подготвиме, нашите мајки се тука за нас.

Нѐ предупредуваат кога ќе претераме

Без оглед на тоа дали станува за алкохолот, лошата комбинација на облека или изборите кои ги носиме во животот, нашите мајки нѐ предупредуваат за сите работи кога ќе претераме или направиме пропуст.

Ни го даваат своето мислење кога е важно

Иако нејзините ставови некогаш нѐ фрустрираат, сепак знаеме дека е во право. Мислењето на нашите мајки ни е секогаш важно и драгоцено, бидејќи знаеме дека се искрени и чесни.

Тие нѐ толерираат постојано

Понекогаш знаеме да им викнеме, да им кажеме и по некој лош збор ненамерно, но тие ги толерираат сите наши промени во расположението.

Нѐ потсетуваат дека вредиме

Постојано нѐ потсетуваат дека вредиме и дека можеме да исполниме многу работи, ако посветено и напорно работиме на тоа.

Во моментите кога ќе се откажеме од себе, мајките никогаш нема да го направат тоа.