Мајка од Тетово си го малтретирала бебето, а ја нападнала и возрасната ќерка

35-годишна жена од Тетово е лишена од слобода откако била пријавена дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка, а според пријавата, го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе.

„На 05.10.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 35-годишната З.М. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 19-годишна ќерка“, соопшти МВР.

Според пријавеното, 19-годишната девојка посочила и дека нејзината мајка го запоставувала и малтретирала своето десетмесечно дете.

„Како што пријавила ќерка ѝ, З.М. го запоставувала и малтретирала и своето десетмесечно бебе“, наведуваат од полицијата.

За случајот биле известени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

„Известени се Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.