Мајка на дете со ретка болест: Девојчето во државава една деценија е лечена и дијагностицирана со грешна дијагноза

На протест пред Министерството за здравство вчера вечер беа побарани одговори за смртта на шестогодишната Јана која почина минатата недела во Клиничката болница во Битола.

Учесниците на мирниот протест побараа, како што наведоа „Правда за Јана“ и „одговорно Министерството за здравство“ порачаа дека е „доста од нефункционалноста, партизацијата, лошите услови во здравствениот систем и префрлањето вината кај пациентите“.

Една од учесничките на протестот ја сподели својата приказна. Рече декасе плаши да го однесе своето дете, кое е со ретка болест, во државното здравство. 

-Јас сум мајка на девојка со ретка болест која во државата една деценија е лечена и дијагностицирана со грешна дијагноза. Тука дојдов да дадам поддршка за родителите на Јана, не да ги обвиниме лекарите, туку да ја дознаеме вистината. Како настанала смрттта на ова девојче за само четири часа кое на нозе одело до болницата. Мене не ми е јасно јас имам неколку неодговорени прашања кои ме мачат неколку дена и сум крајно вознемирена и исплашена да однесам сега дете во државно здравство, рече во изјава за медиумите учесничка на протестот.