Мајка ми ме направи жената којашто сум денес!

Уште од моментот кога сум дошла на овој свет, мајка ми ми го чува грбот. Таа е моето сѐ.

Таа е првата личност на којашто ѝ  се јавувам кога нешто ќе отиде по ѓаволите и првата личност на која ѝ се јавувам кога ќе ми се случи нешто прекрасно.

Таа беше покрај мене кога влегов во моите пубертетски „никој не ме разбира“ години и кога ја оттурнував од себе и сѐ уште е тука, во овие мои зрели години.

Искрено не можев да посакам подобра жена за да ми биде мајка. Таа е мојата учителка, жената која ми нуди утеха, дом, мојата најдобра пријателка.

Таа беше покрај мене за време на моите солзи пролеани за идиоти, ноќите кога напорно учев и сите мои прашања од типот: „Како се уклучува машината за перење?“

Таа беше покрај мене и во времињата на насмевки, но и во времињата на стрес, солзи и лудило.

Таа ме знае подобро од сите и знае колку сум чувствителна и знае дека не ги мислам работите што ги кажувам кога сум лута.

Без никаков сомнеж, мојата мајка е мојата карпа и секогаш ќе биде моја најдобра другарка. Јас без неа би била комплетно изгубена на овој свет. Таа е мојот ангел.

Таа ме крева кога сум слаба и кога паѓам и најискрено се радува на моите успеси.

Таа ме научи дека сосема е во ред да правам грешки, ме научи како да сакам, но и како да се борам за себе.

Јас сум жената којашто сум денес благодарение на мојата мајка. Да не беше мајка ми, не би била ни половина од ова што сум денес.

Можам со денови да пишувам за нејзината прошка, љубезност и безусловна љубов. Но, нема зборови кои можат да ја опишат мојата благодарност и среќа што ја имам во мојот живот, ниту пак можат да ја опишат мојата љубов за неа.