
Мајка и ќерка од Скопје се пријавиле една со друга за физички напад во семејниот дом.
Како што информираат од МВР, вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со 64-годишна скопјанка, откако било пријавено дека во домот на подрачјето на општина Центар физички ја нападнала својата 39-годишна ќерка.
Утрово околу 07:50 часот, во истата полициска станица бил извршен службен разговор и со 39-годишната жена, по претходна пријавадека физички ја нападнала својата 64-годишна мајка.
По целосното документирање на двата случаи, ќе следуваат соодветни поднесоци.