“Мајчин јазик” на Влатко Стефановски во живо ќе го чујат и охриѓани!

Како и секоја година, Охрид летово ќе биде центар на бројни музички настани, а меѓу нив е и концертот на легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој после трите распродадени концерти во Македонската филхармонија, својот нов албум “Мајчин јазик” го носи и во Античкиот театар во Охрид.

Концертот е закажан за 1 август, со почеток во 22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска-Илкова и групата “Љубојна” од Македонија.

Албумот “Мајчин јазик" излезе кон крајот од минатата година и доби само пофални зборови и од критиката и од публиката, а освен промоцијата на домашен терен, музичарот одржа концерти во повеќе земји од регионот, а допрва го очекуваат и настапи како главна ѕвезда на фестивалите “Драм-дам фест” во Лесковац и “Рокеријадата” во Петровац на Млава.