Магијата на градот: Божиќна честитка од Скопје

Новогодишните и божиќни празници се посебен период во Скопје. Градот е празен и мирен, а во исто време полн со убава енергија. 

Новогодишните сијалички и духот на Бадник и Божиќ му даваат некоја посебна магија на градот. Заедно со насмеаните ликови, мирисот на костени, луѓето кои уживаат во празниците создаваат магија која смирува и го прави Скопје убаво место за живеење. 

Денес ја имаме Божиќната честитка направена од Ненад Смиљковиќ. Пуштете ги звучниците на погласно и дозволете новогодишната магија да влезе во вашиот дом.

Христос се роди. Среќен празник на сите!