Магијата на 40-тите години...

Нешто магично се случува во периодот околу 35 и 40 години.

Некаде во длабокиот одмор на нашите умови, почнуваме да се будиме од сон или магла. Започнуваме да го гледаме животот на поинаков начин.

За многумина од нас, нашите деца се веќе независни и сакаат да излезат подалеку од нашите идеали и правила. Тие сакаат да го освојат светот. Тие се цврсто решени да остават белег во општеството.

Исто како и ние на тие години.

Како што се појавува таа магична 40-ка во нашите животи, почнуваме да сфаќаме дека има повеќе во животот од бескраен куп алишта и замарање на нашите деца да си ги направат активностите. Ги имаме потрошено нашите зрели години обидувајќи се да им дадеме нешто на другите. Прво, на факултет. Потоа, на првата работа. Потоа, на нашите партнери и деца. Трошиме толку многу време и енергија на другите, обидувајќи се да го докажеме нашето постоење, па дури и се забораваме самите себеси.

Кога станав мајка по втор пат и почнав да читам статии во списанијата кои ми велеа да посветам време на сама себе додека спие бебето, паметам дека се смеев на глас, велејќи дека тој што ги пишува тие статии сигурно нема деца. Кога моето бебе спиеше, јас бев премногу зафатена со другите обврски по дома кои не можев да ги завршам додека бебето беше будно.

Време за себе воопшто не ни беше во мојот радар. Толку многу работи морав да направам додека спијат.

И така даваме. Даваме повеќе отколку што сфаќаме дека даваме.

Секогаш има еден магичен ден кога сфаќаме дека повеќе нема играчки за собирање и дека сме одговорни само за себе. И во ова време почнува да гледаме напред. Започнуваме да се прашуваме кои се нашите страсти и какви интереси имаме.

Почнуваме да се прашуваме себеси: Што ќе правам сега? Толку сме навикнати да се грижиме за другите, што сега кога кочнечно имаме време за себе, ние сме збунети.

Која сум јас? Кој е мојот порив? Што прави моето срце да се насмевнува?

Сите овие прашања стануваат важни во нашите умови. Ние сме желни да ги најдеме тие одговори. Ги бараме во книги, ги бараме насекаде. Почнуваме да зборуваме за ова со нашите пријатели.

Она што го гледаме во нас е нешто што не плаши. Оваа силна желба да станеме посвесни за тоа која е нашата страст е поголема сега од кога било. Некои од нас се лутат што дозволиле оваа страст да лежи заспана во нас. Некои од нас се плашат од тоа колку е силна таа желба. Некои од нас немаат поим кои се нашите страсти. И токму тогаш почнува нашето будење.

Ние се будиме и отвораме кон овие чудни чувства кои ги имаме. Започнуваме да препознаваме или да стануваме свесни за нешто што се буди во нас. Нешто длабоко и реално во нас.

Кога се разведував, ми кажаа дека имам криза на средните години. Се ќе биде во ред. Барем така ми кажаа. И да, беа во права, затоа што чувствував се освен тоа дека сум во некаква криза. Се чувствував живо и слободно по којзнае колку време. Се чувствував како да се будам од некој длабок сон за кој не сум ни била свесна.

Можев да почувствувам како моите желби и страсти се растегнуваат како да спиеле со векови. Врескајќи да бидат слушнати.

Се ова се случи околу таа магична 40ка. Можеби 40-тите години се новите 20-ти. Можеби 40-тите години се период во животот кога сфаќаме дека сме важен дел од општеството – не за да оставиме белег, туку за да откриеме какви таленти имаме.

Наоѓаме помеки начини да му кажеме на општеството дека имаме што да понудиме.

Им изгледаме себично на помладата генерација и на нашите деца, затоа што конечно си посветуваме време самите на себе. Повеќе немаме потреба да организираме распореди. Сега, кога одиме на јога или во книжара, тоа го правиме затоа што уживаме, а не затоа што бегаме. Ние се движиме кон можностите што ни се нудат.

Сега сме подготвени да се посветиме самите на себе. Сега сме подготвени да оставиме да почне магијата на 40-тите години.

.