Магичен поглед од високо на Архиепископскиот соборен храм (ВИДЕО)

Архиепископскиот соборен храм во Скопје, „Свети Климент Охридски“, веќе 30 години е историски симбол на македонската црковна и државна самостојност.

Неговата градба почнува пет години по прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, а е осветен една година пред прогласувањето на македонската независност.

Осветувањето на храмот во Скопје е извршено по повод 1.150-годишнината од раѓањето на патронот свети Климент Охридски, на 12 август 1990 година, во времето на архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил.

Храмот посветен на патронот на МПЦ, свети Климент, е своевидно архитектонско здание за тоа време, уникатна градба, која станува симбол на македонската црковна и државна самостојност.