Маџир Маало меѓу минатото и сегашноста: Од една страна седумкатници, од друга страна полураспаднати куќи

Маџир или Мухаџир маало е скопска населба која се наоѓа на десната страна на реката Вардар. Неговото име потекнува од муслиманските доселеници во Македонија кои биле наречени Мухаџири или Маџири.

Десната страна на реката Вардар почнала да се населува во 1873-1874 година кога била изградена железничката линија Солун-Митровица. Покрај доселениците кои живееле на новоформиранита улица Бошњачки сокак или Бошњачки куќи, во Маџир маало имало и староседелци меѓу кои биле старите угледни скопски фамилии Калајџиеви, Димитријевиќ, Галиќ и Бајрам.

Маџир маало имало испресечени куси и тесни улици по кои едвај можело да се помине со кочија со коњи. Прави улици имало во Ново маало, како и помеѓу Маџир и Влашко маало во христијанскиот дел на градот Скопје. Во маалото имало неколку јавни чешми, но, речиси во секој двор имало бунар. На десната страна на реката Вардар постоела џамија, наречена Муџахир џамија, која според легендата била подигната од турци-бегалци од Ниш.

Сега Маџир маало е современа населба која сѐ уште чека урбанистички план од страна на град Скопје и општина Центар.Некој куќи се под заштита на градот како културни знаменитости и не дозволено нивно рушење и преправање на првобитниот изглед.

 Последниве години десетина нови седумкатници никнаа врз и меѓу и полураспаднатите куќи на Маџир Маало.