Маџари – Центар со 50-ка: Еден обичен ден во градски автобус

Скоро и да не сум сретнал човек кој не ги почувстувал сите стискања и штипкања, дишењето во врат, мириси, пцовк, кавги, туркањето со лактови во градски автобус. Оној кој не се возел во автобус навистина е среќник, но и сиромашни за едно искуство кое е богатство и одраз на секојдневниот филм во градски и начинот на живот во општеството.

Патувам со автобус на реалција Маџари– Центар со 50-ка. Идам накај работа во 8 часот наутро, на автобуска покрај ученици и работници,  задолжително има пензионери кои се шетаат уште рано рано.

Еве еден краток опис на луѓе кои може да се сретнат деновие во автобус:

-Зборлести луѓе.Телефонските разговорите се толку долги и детални, што сите патници се молат побрзо да заврши. И без никаков срам зборуваат за месечни циклуси или други интимни работи кои најверојатно ни соговорникот не сака да ги слушне, а не па 50 непознати луѓе во автобус.

-Нашминкани, намирисани и полу- заспани тинејџери кои како диреикно од диско и кафана продолжуваат во училиште.

- Човекот кој нема карта, шверцер. Стандард стои во зоната покрај вратата му овозможува брзо отчукување или итно евакуирање од возилото кога ке дојде контрола.

-Јадење во автобус не е хигиенски за оној што јаде, а воопшто не е пријатно за сопатниците. Замислете 40 степени во автобус и на згора на човечките мириси, уште и арома на хамбургер со сите додатоци. Лошо.

-Баба од пазарење.Овие луѓе се качуваат на станици во близина на зелените пазари, најчесто во вторник и петок. Со торбите полни кромид, лук, праз и други „миризливи“ зеленчуци го замирисуваат цел автобус. И бараат да им се отстапи место затоа што се цитирам: „стари, изморени, натоварени“.  Очигледно нема подобро време за пазарење од најтоплиот период во денот, на 70+ години.

-Деца што врескаат.По напорен ден на работа најмалку што некому му треба е гласно врескање над глава. Сепак, малите деца не знаат дека врескањето не е учтиво, сè додека родителот не ги подучи, но тие најчесто не се замараат и не се ни обидуваат да ги смират. Ама затоа секогаш се спремни за кавга ако немој им рече да го смират детето.