Made in Macedonia – концерт на Македонската филхармонија

Made in Macedonia е наслов на концертот што ќе се одржи во Македонската филхармонија на 15 март во 20 часот.

Концертот ќе биде под диригентство на маестро Борјан Цанев, а на подиумот како солист ќе застане првиот кларинетист на Македонската филхармонија, Здравко Ангелов, во чии раце ќе прозвучи виртуозниот Концерт за кларинет и оркестар бр. 1 од Луис Шпор, а на програмата е и инспиративното дело „Лет“ од Мајкл Бакрнчев, како и познатата симфонија „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на телефонот 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и http://www.karti.com.mk.