Маче се заглави во трансформатор во Аеродром

Маче се заглави во трансформатор во скопската населба Аеродром, пишува Плусинфо.

– Точно е, мачето е внатре, но не може да се лоцира точно каде е. Трафостаницата не е на ЕВН, но сепак наша екипа отиде на лице место. Нашата екипа остави храна, па се надеваме на среќен крај – рече за Плусинфо, портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Тој упати апел до сите граѓани да не преземаат мерки во свои раце, да не влегуваат внатре и да се обидуваат да го бараат мачето сами, бидејќи навистина е опасно. Посебно, нагласи тој, треба да се внимава деца да не се приближуваат до трансформаторот.

Очевидец претходно рече дека мјаукањето на мачето сѐ послабо се слуша, најверојатно бидејќи е исплашено и гладно.