
Универзитетската професорка и активист од областа на човековите права Мирјана Најчевска повторно со контроверзен фејсбук статус. Не е прв пат да упатува колективни навреди на сметка на народот во земјава. Вели, ова е еден од најглупавите народи кои ги сретнала.
- Не ми се верува кои идиоти живеат во Македонија. Правам анализа со цитирање на Службен весник и со објаснувања и без ниту еден навредлив збор и имам 7 луѓе кои ме читаат. Ќе наречам некого точак и имам 200000 читања. Ма ова е еден од најглупавите народи кои сум ги сретнала во овој мој веќе прилично долг живот, порача Најчевска и додава:
И не заслужува ништо подобро на чело на државата од религиозно-мафијашка банда составена од дибеци.