Luxury Balkan Mall - нов модерен шопинг центар во Скопје

Бугарската компанија „ИСА 2000“ ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот „Александар Велики“. Инвестицијата во „Лакшри балкан мол“, според најавите на општината Петровец, ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 2.000 вработувања.Станува збор за објект двојно поголем од „Сити мол“.

Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балкански трговски центар со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2.000 вработувања.

„ИСА 2000“ на својата веб-страница се претставува како водечка градежна компанија во Бугарија.

Индустриската зона Ќојлија, која се протега спроти скопскиот аеродром, по површина е најголема во земјава и една од најбараните. Од седумдесетина парцели, уште само три се непродадени.