Луна паркот во Скопје останува само детски сон

Луна паркот во Скопје беше единствено место од ваков тип кое го посетуваа огромен број луѓе од сите возрасти. Беше изграден во 1973 година.

Идејата за негово реновирање во модерен забавен парк со повеќе реквизити беше примена со огромно задоволство од граѓаните, кои освен празни ветувања, се уште не го добија својот Луна парк.

Реквизитите од скопскиот Луна парк беа продадени на јавна лицитација на фирма која ќе ги искористи како старо железо.

Луна паркот како е изграден, оттогаш не беше реновиран, ниту реквизитите беа заменети со нови.

Сега засега остануваат спомените на старите фотографии да не потсетат како некогаш изгледаше единственото место во градот каде најмладите се забавуваа.