
Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје. Тој зад себе има еден мандат како градоначалник на Кисела Вода, а е и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
Ѓорѓиевски е роден на 5 август 1987 година во Скопје. Дипломирал на отсекот политички студии на Правниот факултет „Јустинијан I” на Скопскиот универзитет и има магистратура во областа на менаџмент на човечки ресурски. Работел во приватен сектор, а пред да стане градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски од 2017-2021 година беше советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на таа општина.
За победата во Скопје вели дека не победил само тој, туку дека победило Скопје.
Меѓу главните очекувања на жителите е да се исчисти Скопје - ветување кое го даде тој во изборната кампња.
Кои се другите поглавни ветувања на Ѓорѓиевски за Скопје за мандатот кој му претстои?
Нагласи дека уште од самиот почеток ќе се фокусира на двата столба, односно реорганизација на комуналната хигиена и средување на, како што рече, катастрофалната состојба со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
- Ѓорѓиевски најави културен дом „Есма Реџепова“ и голем стадион во Шуто Оризари.
- Вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација.
- Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа.
- Ќе има итна изградба на нов, модерен луна парк, наменет за сите генерации.
-Ова нема да биде само простор со реквизити, туку современ забавен центар со европски стандарди за безбедност, со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри и зони со виртуелна реалност. Луна паркот ќе биде пристапен за сите. И за лицата со попреченост, со вграден систем за безбедност, видео – надзор и прва помош. Ќе создадеме место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, локации за културни настани и улична уметност. Всушност, Скопје ќе добие нова атракција што ќе го подобри туристичкиот имиџ на градот, подвлече Ѓорѓиевски. Паралелно со тоа, најави дека ќе ја започнат и целосната обнова на Зоолошката градина – Скопје, дека ќе се подобрат условите за животните, но и за посетителите и за вработените, најави предизборно Ѓорѓиевски.
- Ѓорѓиевски ја вети и подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски. Во предизборието најави дека ќе ја смени сообраќајната иднина на градот.