Луксузни куќи во Сончев град ќе бидат свртени кон Скопје

Луксузни куќи и зграда Порта Сончев град се градат во рамки на елитниот комплекс Сончев град на падините на Водно, чии инвеститор е "Џевахир Холдинг".Првите куќи се градат во делот кој е свртен кон Скопје.

Воедно, новиот пат почнува пред Сопиште, каде што има кружен тек, а завршува кај Средно Водно.

-Она што е завршено е асфалтот и сега треба да се постават оградите и да се нацртаат лентите и да се пушти во употреба,проценката е некаде дека за две до три недели некаде околу 4 километри и 400 метри пат кон Сончев град кој што ќе биде алтернатива и за Сопиште како поблиска релација кон градот Скопје ќе биде пуштен во употреба. Вкупната сума изнесува 7 милиони и 700 ијади евра нешто што долго се зборуваше во минатото дека натаму треба да се направи овој пат и тој ќе користи и за целата општина Сопиште и за новата населба Сончев град што треба да се изгради, информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Населбата Сончев град со градот ќе биде поврзана преку модерен регионален пат по кој до центарот на Скопје ќе се пристигнува за дваесетина минути. Новиот пат ќе биде од голема корист на жителите на Сопиште, но и на елитниот комплекс Сончев град. Со тоа, тие немаат да имаат потреба да поминуваат низ Припор и Кисела Вода, туку преку североисточниот дел на Водно ќе се спуштат до Скопје.