Лукровски: Потпишуваа спорни планови и дозволија бетон да го проголта зеленилото во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски денеска во објава на социјалните мрежи вели дека Карпош е заложник на оние кои денес ја водат општината.

„Парковите се претворени во градилишта, воздухот во прашина, а буџетот во сомнежи. Истите што денес глумат борци за морал се оние што потпишуваа спорни планови и дозволија бетон да го проголта зеленилото“, истакна Лукровски.

Тој во својата објава порача дека време било за промена.