
Во недела се одржува вториот круг од локалните избори во општините каде не беше избран градоначалник во првиот круг.
Од скопските општини втор круг ќе има во Центар, Аеродром, Карпош и Шуто Оризари.
Интересна изборна битка се очекува во Карпош каде противкандидати се актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски и кандидатот поддржан од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
Лукровски во првиот круг од изборите освои 10 284 гласови, додека Јакимовски 8 761.
Во првиот круг од изборите во оваа општина имаше уште тројца кандидати кои имаа нешто под и над 3 000 гласови. Во Карпош, според Избирачки список, право на глас имаат 56 856 избирачи.