Лукаревска: И СДСМ е за укинување на балансерот

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека и тие како партија се за укинување на балансерот. Таа притоа посочи дека и во нивната пограма имале одредба за укинување на балансерот.

„Балансерот мора да преставува систем на соодветно наградување, но со стриктно утврдени критериуми. Најдобрите и највалитетните треба да бидат на пидесталот, што значи мерит системот да дојде до израз. Мораме да оставием Уставниот суд да донесе одлука, и ниту една политичка партија не смее да се меша во таа одлука“, рече Лукаревска која додаде дека не треба да се прави фама од балансерот и дека укинување на истиот нема да предизвика меѓуетнички тензии.