Лујза Хеј е една од најпознатите автори и мотивациски говорници.
Photo by Christian Kielberg on Unsplash
Таа често зборува за позитивните емоции, но и моќта на позитивното размислување. Нејзините книги се исполнети со совети за тоа каде можеме да ја најдеме радоста.
Но, не е така едноставно. Стресот е дел од нашето секојдневие и често не можеме да го избегнеме. Но, таа особено предупредува на огроченоста. Според Хеј, ваквата емоција нè „јаде” и уништува одвнатре, не дозволувајќи ни да доживееме радост.
Кога долго време сме огрочени, телото како да гние и доаѓа до многу различни заболувања. Огорчената личност никогаш не може да биде среќна и задоволна, бидејќи таа живее во постојан мрак со своите негативни уверувања.
Но, како да се ослободиме од огорченоста? Како да си помогнеме?
За почеток, треба да се обидеме да престанеме да се критикуваме себеси и да ги критикуваме другите. Прифатете се себеси онакви какви што сте, имајќи на ум дека никој од нас не е совршен и не може да биде. Ако некоја личност ви наштетила на одреден начин, верувајте дека кармата ќе го направи своето и едноставно, пуштете ги лошите емоции од себе. Кога ќе успеете да се засакате себеси и да го исполните својот живот со убави активности и емоции, огорченоста полека и полека ќе исчезнува од вашиот живот, а тоа ќе се забележува и на вашето лице, тело и ум.