Луѓето со темни очи се „почести жртви“ на зимската депресија

Во текот на месецот многу луѓе се чувствуваат летаргично, уморно и без волја. Тоа е всушност зимската депресија.

Таа е познат феномен кој зафаќа голем број на луѓе. Според едно неодамнешно истражување, научниците веруваат дека луѓето со темни очи се поподложни на зимската депресија, отколку оние со светли очи.

Во зимските денови има помал број на денови со природна светлина, а нашето расположение варира согласно на тоа, а исто и во комбинација со спиењето и храната, особено кога станува збор за јагленохидратите.

Многу научници веруваат дека ваквата депресија резултира поради нерамнотежата меѓу серотонин и мелатонин. Серотонин ни дава енергија, а го нарекуваат и хормон на среќата. Од друга страна пак, мелатонинот прави да се чувствуваме поспано.

Но, професорот по психологија на унивезитетот Ј. Велс, Ланс Воркман смета на поголема подложност на зимската депресија значајно влијае бојата на очите. Ова се резултатите од истражувањето во кое биле вклучени 175 студенти од 2 универзитети.

Се верува дека тоа е така поради количината на светлина која светлите очи се способни да ја апсорбираат во текот на зимските денови без сонце. Ваквото истражување е поврзано и со повеќе претходни истражувања, според кои луѓето со потемни очи се генерално подепресивни од оние со светли очи.