Луѓето со оваа крвна група подолго живеат, поздрави се и поотпорни на болести

Отпорност на организмот на бактерии, инфекции и разни болести ја одредуваат многу фактори, а еден од нив е и крвната група.

Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се изборат со нападите на својот организам, а во таа смисла најдобри се носителите на крвната група 0.

Имено, долгорочна студија покажала дека крвната група 0 е најмоќна меѓу сите видови на крвни групи.

Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помалку ризик од развој на кардиоваскуларни болести, како и мозочен или пак срцев удар, ретко патат од болести поврзани со помнењето, а докажано е и дека ретко заболуваат од канцер на желудник или панкреас, како и од голем број на други видови на канцери. Едноставно, тие се најмалку подложни на тоа.

Поради отпорноста на организмот на болести луѓето кои имаат крвна група 0, во споредба со останатите живеат најдолго.

Зошто е тоа така?

Една од најважните причини е фактот што крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочните и срцевите удари се предизвикани токму од лошата коагулација на крвта.

Што се однесува до прашањето „која група е најнеотпорна“, тоа е тешко да се одреди, но експертите велат дека станува збор за крвната група А, а бројни истражувања докажале дека носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија и некои други инфективни и системски болести.

Поради тоа може да се каже дека крвната група А е послаба во однос на сите останати.