Луѓето со оваа физичка карактеристика се уникатни и единствени

Дали имате дупчиња во образите кога ќе се насмевнете? Тогаш вие припаѓате на многу уникатна и ретка група на луѓе. Само 20% од светската популација има дупчиња во образите. Долго се сметало дека се наследни, но современата наука вели дека не е баш така. 

Ако двајцата родители имаат дупчиња во образите, тоа не значи и дека нивното дете сигурно ќе ги има. Професорот Џон МекДоналд од Универзитетот во Делавер, смета дека дупчињата во образните сè уште претставуваат мистерија. 

Всушност станува збор за за природен дефект на големиот мускул во јаболчниците. Најчесто ги забележуваме кога некој ќе се насмевне, како влабнатина во кожата на образот.

Поголемиот дел од луѓето имаат две дупчиња, по едно на секој образ, а ретко се случува некој да има само едно.

Во секој случај се работи за вистинска шармантна карактеристика, која прави овие луѓе да изгледаат прекрасно, слатко и ја прави нивната насмевка уште попривлечна! 

Дотолку што во минатото биле толку популарни што луѓето се обидувале и вештачки да ги создадат. Во 1936 година биле направени и машини за создавање дупчиња во образите, но како што можете да претпоставите, тоа било едно огромно промашување и за среќа веќе не постојат. 

Денес некои луѓе се обидуваат да ги направат преку козметички и естетски операции. 

Се смета дека оваа карактеристика влијае и на карактерот на луѓето, односно се смета дека тие со дупчиња во образите се многу сочувствително, истрајни и доверливи, а го живеат животот со полни гради.