Луѓето што плачат додека гледаат тажни филмски сцени се всушност најсилните личности

Многу луѓе не можат да ги сфатат оние што плачат за време на филм, книга или некоја песна. Но, вистината е дека овие личности поседуваат нешто што другите го немаат, а тоа е емпатијата. Потребно е да бидете посебен вид личност за да имате емпатија.

Многу луѓе, како што се нарцисите или социопатите, на пример, се родени без неа и го поминуваат животот без притоа да се обидат да ги разберат другите, ниту пак да сочувствуваат со нив. Всушност, потребно е да имате сила за да се грижите за туѓите ситуации. Животот е неправеден кон некои луѓе и треба да бидете способни да се ставите во нивна кожа и да ја почувствувате нивната болка, но и да ја издржите.

Луѓето кои поседуваат емпатија се доволно силни за да им бидат поддршка на другите. Тоа што овие личности сочувствуваат со ликови од филмови или книги, покажува дека тие навистина имаат срце кое може да биде скршено и од туѓите ситуации. Но, откако ќе заврши филмот тие повторно ќе се вратат во нормала. Да се биде во можност да се закрепне што побргу кажува нешто друго за овие личности: Тие можат повторно да се вратат на својот живот, не мешајќи се во туѓиот, а исто така се доволно силни и паметни да ја разликуваат реалноста од фикцијата.

Ова не е единствената причина зошто луѓето плачат за време на филмовите. Имено, нивните солзи покажуваат дека тие се внесуваат во ситуацијата што ја доживува ликот, па честопати ја поврзуваат со нивниот живот и им надоаѓаат спомени што ги повредуваат. На пример, повеќето луѓе се пронашле во некоја сцена од љубовен филм, што е доволно за тие да станат емотивни.

Понекогаш луѓето плачат и затоа што се совладани од уметничките дела на филмот. Тоа се нарекува Стендалов синдром и значи дека едно уметничко дело предизвикува разни емоции кај личноста. За луѓето кои се подложни на влијанието од уметноста, всушност, може да биде тешко да ги сокријат своите емоции при гледањето сериозен филм, слушањето добра радио емисија, па и читањето книга.

Па, наредниот пат не трудете се да ги сокриете вашите солзи, затоа што несомнено е дека вие сте силни. Можеби немате таква сила на која многумина помислуваат, но ја имате најважната, а тоа е емпатијата.