Луѓето се дрзнуваат на сè, но со една конфискација на дивоградба тоа ќе се промени, вели Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски вчера гостуваше во емисијата „Трилинг“ на „ТВ24“ и зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградените објекти.

- Ако може да се градат дивоградби на централното градско подрачје кое е секогаш е лупа од граѓаните и новинарите може да замислите што се случува во другите општини, вели Герасимовски.

Луѓето се дрзнуваат на сè, но со една конфискација на дивоградба тоа ќе се промени, смета Герасимовски.

- Со една конфискација на дивоградба мислам дека секој којшто досега правел дивоградби ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, кажа Герасимовски.