Луѓето можат да се променат, но само под еден услов

Во секоја долга врска, кога ќе исчезне почетното возбудување, сите луѓе почнуваат да забележуваат мани кај своите партнери, а сите веруваат и дека тоа може да се промени.

Меѓутоа, одредено однесување кое кај партнерот се доживува како маана, всушност е само психолошка заштита од одредени рани од минатото.

Психолозите истакнуваат дека личноста може да се промени, но само под еден услов: Навистина да го посакува тоа.

Доколку личноста има желба да се промени и увиди дека нејзиното однесување и пречи на другата страна и дека тоа влијае на квалитетот на врската, тогаш таа личност ќе се промени. Но, повеќето луѓе тоа не го сакаат, затоа што секоја промена е тешка, секоја промена ги менува старите шаблони во кои сме толку сигурни.

Најважно е дали вашите партнери имаат желба за промена, а на тоа ќе влијае задоволството кое му го носи она кое вие го сметате за маана.

Секој е роден сам и секој сам си ја бира сопствената судбина, а највеќе што можете да направите е да ја прифатите личноста онаква каква што е или да продолжите понатаму...