Луѓето кои во себе носат мир и љубов, никогаш не им завидуваат на другите луѓе

Во животот среќаваме различни луѓе. Некои се среќни, некои и не баш. Некои се сакаат себеси, некои работат на тоа да се засакаат. На некои луѓе тешко им поаѓаат работите од рака, на некои тоа им е прелесно. Среќаваме луѓе кои се радуваат на сѐ. За нив мислиме дека се вистински среќници.

Но, тоа не е целосната вистина. Луѓето за кои мислиме дека се силни, всушност имаат малку поинаков пристап кон животот и светогледите. И тоа е она што ги прави поинакви, како и целиот нивен живот.

Луѓето кои се исполнети со внатрешен мир исто така доживуваат непредвидливи и тешки моменти во животот. Разликата е во тоа што тие нема да седат и да гледаат како животот ги зафркава, ниту пак ќе го гледаат животот како некаква борба, туку ќе ја прифатат баш таа ситуација онаква каква што е.  Нема да ги обвинуваат другите за работите кои им се случуваат, туку ќе се посветат и ќе преземат одговорност за својот живот.

И така тие стекнуваат моќ и контрола над сите животни ситуации кои им се случуваат. Исто така попрво би сакале да се сеќаваат на убави моменти отколку да се заморуваат со повремените негативности.

Стабилните луѓе не дозволуваат некој друг да има моќ над нив, затоа што ја знаат својата вредност. Не потклекнуваат пред провокациите на другите луѓе и не се спуштаат на нивно ниво. Сфаќаат дека имаат право да ги одберат своите чувства и реакции и го избираат она што е најдобро во тој даден момент. Затоа и мислиме дека се силни, затоа што мислиме дека се имуни на сѐ.

Но, тие всушност не се имуни, едноставно не дозволуваат да бидат изнервирани од неважни работи кои немаат некое силно влијание во нивните животи. Духовно и емотивно силните луѓе сакаат промени и не се плашат од нив. Некои луѓе одбираат да живеат во опкружување кое не им одговара, но им е познато, затоа што се плашат да ги прифатат промените. Силните луѓе не дозволуваат да се откажат поради една грешка, туку тоа за нив е нова мотивација за уште покреативна акција.

Луѓето кои се сакаат себеси немаат потреба да ги задоволат сите туѓи барања, затоа што знаат дека не се создадени за тоа. Не се плашат да кажат НЕ. Не дозволуваат другите да ги искористуваат и го ценат своето време, но секако и туѓото. Сакаат да помагаат, но ако увидат дека тоа се граничи со класично искористување, тогаш вртат грб без око да им трепне.

Луѓето кои го ценат внатрешниот мир не дозволуваат неатрактивното минато да се наметнува во сегашноста. Не обрнуваат внимание на она што не можат да го променат. Силните луѓе се фокусираат на сегашноста.

Не се плашат од неуспеси, затоа што сите доживуваат неуспеси, па така тие не се плашат да ризикуваат и одвреме-навреме да внесат промени во својот живот. Тие учат од своите грешки!

Луѓето кои носат мир и љубов во себе навистина не им завидуваат на другите, дури и ги поттикнуваат луѓето да се трудат уште повеќе. Нема да ве гледаат попреку ако сте поуспешни од нив, па дури и ако сте подобри од нив. Знаат дека за сѐ во животот е потребно труд, па затоа и не очекуваат успехот да дојде преку ноќ.

Колку и да сакаат забава и луѓе, тие уживаат и во самотијата, бидејќи само така ги полнат своите батерии и мотивација.

Можеме сите многу да научиме од нив!