Многу е лесно да се претпостави дека оној кој највеќе зборува е најпаметен. Но, тоа не е секогаш така. Луѓето кои се најинтелигентни обично се оние кои најмалку човек очекува да бидат паметни. Тие трпеливо чекаат другите луѓе да си кажат што имаат да кажат. Тие одбираат да ги отворат ушите наместо устите.

Најтивките луѓе се најпаметните луѓе

Тие се интровертите. Тие се креативците, генијалците кои се стимулираат со учење, а не со социјализирање.

Можеби не сте ги забележале. Тие обично не се истакнуваат.

Најтивките луѓе се оние коишто излегуваат дека се најинтересни и највеќе изненадуваат.

Тивките луѓе се презафатени со мислење за да зборуваат

Тие постојано анализираат. Тие можеби сакаат да започнат разговор, но се презафатени со размислување и анализирање како би можел да се одвива разговорот. Тие го анализираат секој аспект од разговорот. Зборувањето не им оди лесно од рака, затоа што го сфаќаат многу сериозно. Тие можеби имаат многу што да кажат, но не им е лесно да ги искажат тоа.

Тивките луѓе пишуваат и читаат повеќе отколку што зборуваат

Тивките, интелигентни луѓе ја фокусираат својата енергија на создавање. Тие не го трошат своето слободно време во барови, тие го поминуваат во читање и пишување.

Тивките луѓе обично седат во библиотеките и читаат или уживаат во удобноста на својот дом додека пишуваат и создаваат.

Тивките луѓе имаат посилни умови затоа што посветуваат време на анализирање

Најдобрата работа којашто можете да ја направите за вашиот ум е да направите пауза и да дозволите да го апсорбирате тоа што се случува околу вас.

Да се биде тивок е добро за вашиот ум, затоа што му дава шанса на вашиот ум да го собере тоа што го видел и чул и да го процесира тоа. Тивките луѓе имаат силни умови затоа што слушаат, но и анализираат.

Тивките луѓе не се самотници, само повеќе сакаат учење од озборување

Некои од најинтелигентните луѓе се интоверти. Тивките луѓе се природни ученици, затоаш то имаа незаситлива желба за знаење.

Нивната љубопитност ги тера да учат што е можно повеќе. Само затоа што се тивки не значи дека се антисоцијални, тие само претпочитаат да ги прошируваат своите умови повеќе отколку што сакаат да зборат.

Тивките луѓе мудро ги одбираат своите зборови

Кога луѓето постојано зборуваат, тие не мислат на тоа што го кажуваат. Тивките луѓе внимаваат што ќе кажат.

Тие не сакаат да кажуваат бескорисни зборови во свет кој е преполн со бучава. Тивките луѓе мислат на тоа што ќе го кажат наместо само да зборат без цел. Секоја реченица е внимателно одбрано ремек-дело кое е создадено од нивниот ум.

Тивките луѓе слушаат

Најпаметни луѓе се оние коишто тивко слушаат и впиваат се што се кажува. Овие луѓе имаат највеќе знаење затоа што тие ги процесираат зборовите наместо да ги кажуваат.

Нивните мисли и ставови доаѓаат од знаењето кое е внимателно собрано. Кога слушате, донесувате и подобри одлуки.

Ако сте тивки, ќе носите паметни одлуки. Не можете да донесете паметна одлука без да ги знаете сите факти.