Луѓето кои патат во тишина – тие се војници кои водат најсилни битки

Многумина од нас не зборуваат гласно за своите битки.

Никој не знае за нивната болка. Тие ја кријат во себе, се смеат, зборуваат убави зборови, минуваат време меѓу луѓето, но патат во тишина. 

Никој не знае низ што минуваат овие луѓе. Не бидете груби со нив, можеби водат огромна битка во себе за која ништо не знаете. Понудете им убав збор, сакајте ги, дајте им поддршка. Тие се можеби и најсилните души кои ги познавате, а за чија приказна не знаете ништо.

Овие луѓе не одат наоколу зборувајќи за себе. Тие не кажуваат што чувствуваат во себе, тие само ја кријат својата болка зад својата насмевка. Тие често велат дека сè е во ред.

Тие одат на спиење носејќи огромен товар во себе, така и се будат. Ја кријат својата тага зад затворени врати. Некогаш исплачуваат реки од солзи, некогаш седат во тишина сами, но никој не знае за тоа низ што минуваат. 

Тие се војници кои водат најсилни битки. Тие не сакаат да ја покажат својата слабост, можеби бидејќи мислат дека можат сами, можеби мислат дека никому не го интересира тоа, можеби им е тешко да зборуваат за тоа. Овие луѓе се научени на битки, научени се да ги преживеат најстрашните бури и ја кријат својата тага во темнината. 

Тие се најсилните луѓе кои ги знаеме. Но, никој ништо не знае за нивната битка.