Луѓето кои на сите им наоѓаат маани, во себе носат море од тага

„Секогаш тргнуваме од себеси. Другите луѓе ги гледаме онака како што сакаме и на основа на дамнешни искуства, а не секогаш такви какви што се.“ – Имануел Кант

„Сè што ве иритира кај другите луѓе е само проекција на вашите лични нерешени внатрешни проблеми.“ – Буда

Ниската самодоверба го спречува човек објективно да ги набљудува луѓето околу себе. Оваа појава се нарекува негативна проекција и таа е заштитен механизам со кој на другите луѓе ги им ги припишуваме сопствените недостатоци и слабости. Наместо да ги прифатиме негативните карактристики, емоции и околности, ние им ги припишуваме на луѓето во околината, затоа што така е полесно. Со системот на негативна проекција се штитиме себеси. За да се ослободиме од оваа навика, неопходна е да се работи на личниот развој и да се постават јасни граници помеѓу она што е реално и она што ние го препишуваме на другите. Така се надминува секој конфликт кој се одвива во нас.  

Заштитните механизми работат во корист на егото

Ги проектираме недостатоците на нашата личност врз другите за да одржиме позитивна визија за себеси. Самопочитта и заштитните механизми играат темелна улога во заштита на егото. Тие т.н одбранбени механизми се стратегии кои потсвесно ги користиме за да одржиме позитивна само-перцепција. Човечкиот мозок развил различни начини да се одбрани од она што може да е премногу болно или неприфатливо. Таквите механизми го штитат човекот од признавањето на негативните аспекти од неговата личност.

Проблемот настанува во моментот кога овие механизми стануваат автоматски и почнуваме секојдневно да ги користиме. На овој начин ја нарушуваме реалноста под влијание на сопственото его, а тоа нема позитивен исход. 

Она што прво го забележуваме кај другите, кажува многу за нас самите

Околината е огледало на состојбата на нашата душа. Како ги гледаме луѓето во некој момент е само одраз на тоа како се чувствуваме во душата. Ако мислиме дека сите околу нас се полни со омраза, завист и други негативни карактеристики, време е да го преиспитаме својот живот и мисли. Кога ќе почнеме непотребно да критикуваме други луѓе, веројатно на тој начин се критикуваме себеси.