На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец раскажува што сѐ преживеал овој народ и дека поради тоа, не може да го исплаши хантавирусот.
Во објавата, со доза иронија, профилот со псевдоним „Man from Skopje“ вели дека покрај свинскиот и птичјиот грип и корона вирусот, македонскиот народ преживеал и смог, 30 години транзиција, инфлација и серија други општествени трагедии.
Вели дека луѓето кај нас со стрес јадат, со нервоза заспиваат, а со „ќе видиме“ се будат. Со сето наведено вели дека народот веќе развил резистентност.
„Премногу сме вакцинирани, ољуфтени и искусни за да не плашат со хантавирус сега. Ова е народ што преживеа: свински грип, птичји грип, корона, 5 влади, 30 години транзиција, промени име, смог, инфлација, и сендвич у собрание од 37 денари. Просечен човек у Македонија има имунитет и на вируси и на живот. Не можеш да исплашиш човек што веќе 15 години гледа иста плата а дупло поскапи цени. Кај нас луѓе со стрес ручаат. Со нервоза заспиваат. Со “ќе видиме” се будат. Хантавирус? Брат, пола држава живее со мувла по ѕидови и промаја од 1987. Народов веќе има developed resistance build“, гласи твитот.
Премногу сме вакцинирани, ољуфтени и искусни за да не плашат со хантавирус сега.
Ова е народ што преживеа:⁰свински грип,⁰птичји грип,⁰корона,⁰5 влади,⁰30 години транзиција,⁰промени име,⁰смог,⁰инфлација,⁰и сендвич у собрание од 37 денари.
Просечен човек у Македонија има…— Man from Skopje (@man_from_skopje) May 11, 2026