Луѓето често мислат дека ако си толерантен и добар, тоа значи дека си глупав

 

Кога го живееш животот со почит кон другите често знае да ти се одбие од глава. Чувството на почит кое го носиш во себе ти налага да му дозволиш на секој да го каже она што го мисли, да ги разбираш чувствата што луѓето ги имаат, да ги почитуваш туѓите уверувања со истото достоинство како и своите и сечиј став да го почитуваш онака како што би сакал некој друг да го почитува твојот. Кога го живееш животот со почит кон секое битие, сфаќаш дека секоја личност е единствена и неповторлива. 

Ги има оние луѓе кои се ретки, кои ги гледаат нечистите игри околу себе, ги сфаќаат намерите на нечесните луѓе, но нема јавно да ги осудуваат, туку дискретно им ставаат до знаење дека тоа не е во ред и со еден благ поглед ги повикуваат да водат повеќе сметка за своето достоинство. Они се такви затоа што и самите го поминале тој пат, сфатиле дека никој од нас не е повикан да ги менува другите пред да се промени себеси, а секогаш има работа за себе и таа мисија никогаш не е завршена. 

Ги има оние луѓе кои го живеат животот подеднакво почитувајќи ги оние кои добро зборуваат за нив, како и оние кои зборуваат лошо, затоа што знаат дека на сите луѓе треба да им се даде шанса и дека секоја порака се упатува прво преку сопствен пример, а потоа со зборови. Има луѓе кои го прават овој свет подобар со самото тоа што не го помнат туѓото зло, што не ги нагласуваат туѓите грешки, што не разговараат за работите на кои немаат влијание и што луѓето што ги сакаат секогаш ги пречекуваат со насмевка на лице.

Ги има оние луѓе кои го гледаат доброто во сите работи, па дури и ако гледаат само една мала точка, не обрнувајќи внимание на она што во личноста е далеку од тоа. Тие луѓе ја избрале љубезноста и добрината како свој животен стил и никому нема да дозволат да им ја промени таа одлука затоа што сфатиле што е исправен и исполнет живот и не сакаат да се откажат од него. Но, оние останатите кои ги гледаат мислат дека се глупави и наивни и мислат дека тие ништо не разбираат. Но, тие не се ни глупави ни наивни, тие се луѓе во вистинската смисла на зборот. 

~ Марио Жувела