Луѓето без срце никогаш нема да ве сакаат вистински

Луѓето кои немаат срце никогаш нема да ве сакаат. 

Не е важно колку се трудите околу нив, не е важно колку шанси им давате. Не е важно што можеби ќе ги ставите на пиедестал. За нив, никогаш нема да бидете важни.

Можеби не знаат да сакаат, можеби имаат други приоритети, можеби се себични -  не е ниту важно. Не заслужувате таква личност покрај себе.

Тие го сакаат само она што е најдобро за нив, а концептот на здрава врска е непознат концепт. Бидејќи здравите и цврсти врски значат тимска работа, однос во кој двете страни се вложуваат, во кој постои разбирање и отворена комуникација. 

Тие би ве фрлиле и на волците на крајот на денот бидејќи за нив најважна е љубовта кон себеси. 

Тие ќе бараат и бараат од вас. Постојано ќе очекуваат да им давате и да се вложувате околу нив. Но, никогаш нема да ве слушнат што имате да им кажете, никогаш нема да ги допре тоа што го чувствувате. Нема да се потрудат да ви помогнат да ви дадат совет и да ви помогнат да излезете од неволјите. Тоа не ги интересира. А, некогаш додека го сфатите тоа, можеби ќе биде предоцна. Ќе бидете истоштени, ќе престанете да верувате во себе и во љубовта и ќе се прашувате каде сте згрешиле.

Но, не е ваша грешката што умеете да сакате и да сте тука за онаа личност која ви значи.

Тие никогаш нема да ви го дадат тоа што ви е потребно. Можеби некогаш ќе ви изгледа дека ја прават вистинската работа во одреден момент, но тоа е само краткорочно. Ништо повеќе од тоа. Од друга страна, секогаш ќе најдат причина за своето однесување.

Добрата врска ви дава мотив да сакате повеќе и повеќе, таа не ве истоштува и не ве тера да се запрашате колку вредите. Не го заборавајте тоа.