Луѓе со комплекс на „виша” вредност – не им давајте ни минута внимание на таквите луѓе

Кога некоја личност е несигурна и нема доволно самодоверба и верба во својата сила и расудување, не и е лесно на таа личност. Но, не им е лесно ниту на оние кои се блиски до неа.

Несигурната личност постојано се сомнева во нешто, па и во добрите намери на луѓето околу неа и тоа ја исцрпува. Меѓутоа, еднакво напорно е да се соочиме со личност која има претерана самодоверба, која има комплекс на виша вредност, која не дозволува рамноправно и одговорно да учествувате во заедничките односи.

Комплекс на виша вредност, тоа е несигурност која е свртена наопаку. Станува збор за личност која ги крие своите слабости од другите, па и сама од себе, не признавајќи ги своите ограничувања, додека во суштина е ранлива и чувствителна. 

Личноста со комплекс на виша вредност има силно изразена самодоверба, која нема соодветно покритие – способност и компетенции, таа не ги познава и признава своите граници. Тие луѓе тежнеат да бидат во центарот на вниманието, да доминираат во секој поглед, да ја покажуваат својата надмоќ. Претераната самодоверба покажува непризнавање на своите грешки, склоност кон префрлање на одговорноста кон другите, постојано ги менува своите грешки и интереси, бидејќи нема увид во своите грешки, од кои би можела да стекне искуство и да научи нешто.

Ваквите луѓе секогаш се трудат да се прикажат себеси во најдобро светло, фокусирани се на формата, суштинските работи не го задржуваат нејзиното внимание и не ја ангажираат. 

Треба да го разликуваме препотентното однесување од комплексот на виша вредност, бидејќи постојат оние кои се однесуваат арогантно бидејќи се свесни за својата супериорност во однос на другите и кои наместо скромност развиле препотенцјија и ароганција. Но, луѓето со комплексот со виша вредност ја заменуваат својата слабост со ова однесување, тешко им е да останат во близок однос со другите, уверени се секогаш дека се во право. 

Тешко е да се има ваква личност околу себе. Како шеф, тие поставуваат нереални барања, ги негираат сите ваши вредности и заслуги, ја префрлуваат одговорноста. Како соработник, можеби нема да се подготвени да ги прифатат вашите идеи и насоки и секогаш ќе се трудат да ви покажат дека се во право,освен во ситуации каде одговорноста за грешките треба да е поделена. 

Овие луѓе никогаш нема да ги сретнете во чекалната кај психолозите бидејќи тие не бараат помош, уверени се дека се полни со квалитети и дека не им е потребно никој да им кажува ништо. 

Затоа е лошо ова пореметување – личноста го има, но не го препознава.