Луѓе ни умираат на забар, горат, им вадат органи на операции, сепси, хемофилтрации...

Случајот со 25-годишното момче од Берово кое почина од сепса по интервенција назаб во штипската клиничка болница повторно го покрена прашањето за македонското здравство!

Ина Многуфина со став на темава, со кој се согласуваат многумина!

-Ќе почне ли некој да одговара за лекарски грешки во оваа држава? Луѓе ни умираат на забар, горат, им вадат органи на операции, сепси, хемофилтрации, што уште не е тема за истраги... Здравството ни е за гревои, со години приоритет е кај ќе се гради новиот Клинички и на кого ќе му падне секирата во тендерот. Све се распаѓа полека но сигурно.