Луѓе кои треба да ги избегнувате по секоја цена

Има многу причини поради кои луѓето влегуваат во нашиот живот. Некои стануваат наши пријатели, љубовници или партнери, додека пак некои ни помагаат да совладаме многубројни препреки со кои можеме да се соочиме на животниот пат.

Сепак, постојат луѓе поради кои се запрашуваме зошто воопшто сме ги пуштиле во нашиот живот и прилично често ни го тестираат трпението.

Овие типови на луѓе мора да ги избегнувате по секоја цена

Искористувачот

Искористувачот е егоистична личност. Се работи за мајстори за манипулација кои се служат со разни трикови за да го добијат тоа што го сакаат, без да имаат какво било сочувство или разбирање за чувствата на другите луѓе.

Често го оправдуваат своето однесување за да им дадат смисла на своите постапки. Обично се „хранат“ со личности кои се нежни, добри и чувствителни. Најдобро ќе ги опишеме ако кажеме декасе урагани кои низ нашиот живот проаѓаат со разорна сила.

Озборувачот

Личностите кои се чувствуваат несигурно шират гласини и озборувања за другите и тоа некако прави да се чувствуваат подобро. Озборувањето е отровна нишка во секое друштво. Се храни со несреќите и грешките на другите луѓе, а оние кои озборуваат секогаш ја преувеличуваат вистината.

Овие луѓе се подготвени на сѐ само за да привлечат внимание. Измислуваат приказни затоа што им е досадно, за да бидат попопуларни и да имаат контрола над ситуацијата. Најдобро што можете да направите е да се оддалечите од таквите луѓе и да не бидете дел од нивните сплетки.

Вечната жртва

Овој тип на луѓе сигурно ви се многу познати. Се работи за луѓе кои секогаш и за сѐ ги обвинуваат другите и тие секогаш, ама секогаш тврдат дека се некакви жртви на околностите. Овие луѓе имаат многу ниско ниво на самоконтрола и самодоверба. Ќе направат сѐ што можат за да ја префрлат вината и одговорноста на другите луѓе.

Човекот што не престанува да кука

Дали ги знаете овие луѓе? Оние кои секогаш на многу драматичен начин викаат: „Кутриот јас/Кутрата јас?“ Овие луѓе секогаш успеваат да ви ја исцрпат енергијата. Во состојба се цело време да наоѓаат замерки за нешто, а истовремено да седат со прекрстени раце и да не прават ништо за да ја подобрат ситуацијата. Слично како и вечната жртва и за овие луѓе секогаш некој друг е крив и некој им посакува зло.