Лубеница – здраво овошје со малку калории

Лубеницата е едно од најмоќните овошја кои постојат. Најдобриот период за конзумирање на лубеницата е летото кое е богато со хранливи  материи, витамини и минерали.

Таа е особено хидрирачка (околу 92 % вода)  и содржи многу малку калории. Вклопувањето на лубеницата во секојдневната исхрана нуди многу бенефити за кардиоваскуларниот систем, очите и имунолошкиот систем.

Ликопенот во лубеницата е особено корисен за кардиоваскуларното здравје, кој исто така е многу важен и за здравјето на коските. Конзумирањето поголеми количини од ова слатко овошје е поврзано и со подобар крвоток и нормализирање на крвниот притисок.

Лубеницата е богата и со калиум кој го задржува калциумот во телото, што придонесува за силни коски и зглобови.

Кутрилинот во лубеницата придонесува за акумулација на мастите. Тој е амино киселина која им помага на бубрезите. Лубеницата е богата си со флавоноиди, каротениди и тритерпеноиди кои се значајни бидејќи ги намалуваат воспаленијата и го неутрализираат дејството на слободните радикали.

Лубеницата е и природен диуретик кој овоможува чистење на телото. Таа помага и во функционирањето на црниот дроб што дополнително му помага на телото да се ослободи од течностите. Богата со калиум, таа е и природен електролит кој ја регулира активноста на нервите и мускулите во телото.

Количеството на витамин Ц во лубеницата е многу високо. Тоа е добро за имунолошкиот систем, но и во лечењето на раните.