Кога станува збор за летото, конзумирањето на овошјето е нешто што ни причинува огромно задоволство. Лубеницата освен што го хидрира нашето тело и организам, ни нуди и одлично освежување во топлите летни денови.

Таа потекнува од средна Африка и претставува овошје со многу малку калории. Само 100 гр. лубеница содржат 30 калории што прават таа да биде идеална летна намерница. Освен тоа што содржи 10% шеќер, нејзината главна состојка е водата. Содржи и бетакаротен, железо, калциум, фосфор и големи количини витамин А, Б и Ц.

Лубеницата е богата и со ликопен, кој претставува најсилен антиоксидант од групата на каретоноиди (природни пигменти). Според многу истражувања, овој антиоксидант помага за спречување рак, помага во елиминирање на канцерогените материи и токсини од телото. Исто така, тој го намалува нивото на ЛДЛ холестерол (лошиот холестерол) и помага во борбата против брчките.

Таа исто така е и добар сојузник во борбата против брчките. Содржи и цитрулин кој го поттикнува создавањето кислород и кој ги опушта крвните садови. Лубеницата го намалува и ризикот од мозочни и срцеви удари, со оглед на тоа дека помага да го регулираме крвниот притисок.

Сите ја сакаме студена, но најдобро е таа да се чува на собна температура, бидејќи доколку се чува во фрижидер, таа го губи ликоментот.