Лозаноски во сабота ќе пее пред полна сала - картите речиси распродадени, заинтересираноста е огромна

За сабота се најавува голема забава заедно до македонскиот музичар Влатко Лозаноски.

 

Сакаме да ве информираме дека за концертот на Лозано кој ќе се одржи во сабота во ВИП Арената, периодов владее интерес што се граничи со лудило, билети купуваат фанови од сите генерации и од сите градови низ државата, велат организаторите. 

Билетите од категориите ПАРТЕР и ФАН ПИТ се пред распродавање, а брзо се трошат билетите и од останатите категории. Едно е сигурно, Лозано во сабота ќе пее во распродадена арена!

Доколку сакате да бидете дел од големиот концерт на Лозано во сабота, а немате набавено влезници, истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.