Лозано, Миле Кузмановски, ДНК, Жељко Самарџиќ неделава со настапи во Кисела Вода

Општина Кисела Вода неделава слави роденден, поточно 67 години од постоењето на општината.

Одбележувањето започнува во среда, а ќе заврши во сабота и ќе биде со забавна програма со голем број познати музички изведувачи.

Влезот за сите настани е бесплатен.

Публиката ќе има можност да се забвува со Жељко Самарџиќ. Влатко Лозаноски, Теа Трајковска, ДНК, Ефто Пупуновски, Миле Кузмановси, Наум Петрески, Зуица Лазова, Диџеј Оги, Боби Павловски, Владимир Поповски и Филип Шурбевски и Егзија квартет. 

Најмалите посетители ќе ги забавуваат ѕвездите од Златно Славејче. 

КУД Китка ќе имаат фолклорен настап, а ќе има и Хуманитарна Коријада.