Лошите карактеристики на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има „бубачки“ во главата. Еве кои се тие, не така убави лични карактеристики на секој од нив...

Овен

Секогаш и во сѐ мора да бидат први. Мислат дека се најинтересни и најзабавни, а всушност се напорни и не даваат никому да стигнат до збор. Се смеат сами на сопствените шеги, а кога другите тоа нема да го направат, мислат дека се преглупави за да го сфатат нивниот хумор... Ужасно се смотани и нетактични.

Бик

Вечно гладни. За време на ручекот веќе размислуваат за вечерата, а за време на вечерата за утрешниот доручек. Подобро (со драго срце) би го пропуштиле најважното случување во својот живот, отколку да прескокнат оброк. Ах, да... Оброкот нив им е најважното случување во животот.

Близнаци

Трачари и гњаватори. Ужасно превртливи. Имаат 100 лица. Мислат дека се смешни. Кога ќе почнат да зборуваат не престануваат; а кога мислат дека кажале нешто смешно, интересно или паметно, ќе го повторат уште минимум пет пати за секој случај да не не сте ги слушнале, а и за да се запамети мислата на големиот мудрец.

Рак

На сите им глуми мајка или татко.

Според тоа, одлично се снаоѓаат во улога на жртва. Делуваат сталожено и стабилно сѐ додека не ги допре нешто за што се емотивно врзани. Тогаш ќе видите како изгледаат 50 нијанси на лудило.

Ако не сте стручно лице за човечка психологија и немате непробојна кожа, подобро да се тргнете пред да ви ги извадат одите со нивните раковски штипалки.

Лав

Вообразени, арогантни и полни со себе.

Луѓето се дружат со нив само затоа што не се скржави кога треба да се сврти турата (за частење), а тоа го прават само за другите да видат како тие имаат пари; инаку не би дале ни денарче на некој што проси на улица.

Девица

Најдосадна и најнапорна од сите знаци. Постојано зборува за својата работа, здравјето, проблемите.

Во состојба е да го исцица животот од човекот како никој друг. Енергетски вампири. Досадна како комарец во 3 наутро.

Во работата се точни како швајцарски часовник, а во приватниот живот секогаш доцнат, иако тоа никогаш нема да го признаат.

Вага

Мислат дека се најубави и најелегантни. Со носот соборуваат авиони. Главна тема им се ноктите, косата, гардеробата, спротивниот пол и секако, тие самите.

Неспособни се да живеат без партнер од кој очекуваат да игра како што ќе свират тие.

Шкорпија

Овој знак е мерна единица за скржавост. Ако им се случи некоја незгода, прво би ја пресметале материјалната штета, па потоа дали би преживеале.

Покрај тоа се матни, користољубиви, осветољубиви, пресметливи, манипулатори и страшно љубоморни.

Стрелец

И на 50 години тој се однесуваат како дете – стрелецот е Петар Пан во хороскопот. Желен за авантура, никогаш не созреан, никогаш не пораснат, живее во светот на бајките и мисли дека сѐ е розево и дека сѐ што лета се јаде.

Не овој знак му недостасува посветеност и преземање одговорност за некоја постапка или ситуација.

Јарец

Кога ќе науми нешто оди па сопри го. Јарецот може да помине со главата низ ѕид само да дојде до тоа што го сака.

Инат невиден, нема нешто што јарецот не знае да направи – тој сѐ знае, а ако не знае ќе направи сѐ за да научи како треба да стигне до зацртаната цел. Нема да попушти, ќе се натега и ќе се инаети, а ако треба и крокодилски солзи ќе пролее.

Водолија

Толку сакаат да се истакнат и да бидат оригинални што се во состојба да обесат две смрдливи чорапи на ушите, да залепат етикета на челото и така гордо да чекорат по улица. Секогаш и во сѐ мора да бидат поинакви.

Не поднесуваат авторитети, а самите се наметнуваат себе како еден и единствен водач вреден за почит и за воодушевување.

Риби

Напорни во своето истражување на емоциите. Како да некој го интересира како се чувствуваат. Мрзеливи и неспособни да направат нешто без одредени стимуланси. Интересни како лекција за Хабсбурговците.