
Неверување, тага и болка. Социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство по трагичната вест за смртта на Душко Чифлиганец, кој денес им подлегна на тешките повреди во болница во Чешка.
Веста за неговата смрт беше објавена и на Facebook-страницата motori.com.mk, каде моторџиската заедница му оддаде последен поздрав, споделувајќи емоционални коментари и спомени за Дуле.
„Лоша вест од Чешка, Дуле не ја издржа борбата. Нека почива во мир“, стои под фотографијата на која младиот Чифлиганец држи медал и македонското знаме по една од неговите мото трки.