Лоша навика која ни носи стрес, а која сите ја правиме наутро

Можеби ви изгледа  како мала интересна навика кога наутро само неколку минути по будењето ќе прочитате вести или социјални мрежи. 

Но, експертите покажуваат дека тоа лошо влијае на нашето ниво на стрес и дека го почнуваме денот на многу лош начин. Многу експерти за здравје и добросостојба посочуваат дека првите 10-20 минути се клучни за тоа каков ќе биде нашиот ден. Ако денот го почнете со технологијата, веднаш го ставате вашиот ум во состојба на споредување и дозволувате другите да влијаат на вас.

Затоа, подобро би било да го поминете почетокот на денот со некоја добра навика или пак нешто на што имате контрола.

Испијте чаша топол чај, смирете ги мислите, дајте си време да направите распоред за тоа што ве очекува во текот на денот. Подгответе се мирно и лесно за денот кој доаѓа без потреба да почнувате со негативни вести и другите луѓе.