Lord of the Dance на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје

Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, повторно пристигнува пред македонската публика: Lord of the Dance на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје по точно 10 години и 5 целосно распродадени настапи кај нас, светското денс-совршенство овој пат, во Вип арената „Борис Трајсковски“, ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“.


Специјален гостин: ансамбл „Танец“.

Цени на билети:
800 денари (Б5, Б6, Б10 и Б11),
1.000 денари (партер 2, Б4 и Б12),
1.200 денари (партер 1, Б3, Б7, Б8 и Б9),
1.500 денари (Б13).